За нас

Ние работиме бизнис со кој ги правиме луѓето среќни. Во се што правиме, клиентот го ставаме на прво место со цел истиот да се врати пак кај нас

Секогаш ги користиме состојките со највисок квалитет.
Целта е секогаш задоволен и сит клиент.

Royal Express е сервис за испорака на храна до Вашите домови и работни места, по најприфатливи цени, со една разлика. Разликата е во квалитетот.
Секогаш користиме свежи и квалитетни состојки во нашите јадења. На нашето мени може да пронајдете јадења за сите делови од денот и сите видови на јадења, од предјадења до десерти. Располагаме со фурна каде ги правиме највкусните пици  и пастрмајлии.

Нашата приказна

Приказната Royal Express започнува во 2014 година, првично како ресторан за свадби и настани на отворено под името Royal Park со капацитет од 350 столови, распоредени на 500 м2 покриени со шатори и дворно месо од на 700м2 со прекрасно хортикултурно уредување, декоративно езерце, кој претставува новитет во Југоисточниот регион.

По успешната 2014 година, се отвара и зимски ресторан за помали семејни просави до 100 столови. Во истиот период се соочуваме со проблемот на сезонско работење и неможноста да се одржи континуитет во работењето.

За спречување на последиците од сезонско работење менаџменотот одлучува да го прошири бизнис делувањето со приготвување и испорака на оброци со висок квалитет и свежи намирници. Кетерингот се нуди по пристапни цени до домовите и работните места на територијата на Струмица.
Така се раѓа брендод Royal Express, кој денес е препознатлив брен и стандард за високо квалитетна услуга на подтотовка и испорака на храна.

Кон крајот на 2018 година отворениот дел за просави се проширува за уште 100m2 со што се зголемува и капацитетот на сместување на 450 гости.
Во почетокот на 2019 годиа инвестициските активности се прошируваат во нов зимски ресторан за прослави со капацитет од 300 места.

Во 2022 година, со цел да бидеме поблиску до клиентите, и компанијата биде на чекор со дигитализацијата, успешно е лансиран нашиот веб сајт за онлајн нарачки, каде нашите клинти може онлајн да прават нарачки.

Нашата цел е среќен клиент
Водич кон нашата успешна приказна

Секогаш се трудиме клиентите да бидат задоволни од нашите производи. Тоа не води сите овие години низ нашата успешна приказна.

signature-white

Овој веб сајт е подржан од Фонд за иновации и технолошки развој.

 

podrzano od fitr